Кеи Нишикори и Стен Вавринка ќе се борат за пласман во финалето на УС Опен, откако успешно ги минаа Енди Мареј и Хуан Мартин дел Потро во 1/4 финалето од УС Опен.
Јапонецот во меч кој траеше четири часови и пет сетови (1-6, 6-4. 4-6, 6-1, 7-5) го елиминираше Енди Мареј додека на Вавринка му требаше сет помалку да го совлада Аргентинецот (7-6, 4-6, 6-3, 6-2).
Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Новак Ѓоковиќ и Гаел Монгфлис кои во 1/4 финалето славеа над Цонга односно Поулие.
Полуфиналните мечеви на УС Опен на програмата се петок со почеток во 21 часот.
OhridNews