Британецот Енди Мареј и најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ ќе ги одмерат силите во финалето на првиот гренд слем турнир за годинава Австралија Опен.


Мареј пласман во петтото финале на Австралија Опен обезбеди победувајќи го Милош Раониќ со 3-2 во сетови (4:6, 7:5, 6:7, 6:4, 6:2) во трилер натпревар.


Канаѓанецот имаше предност 1-0 и 2-1, но Мареј во два наврати успеваше да се врати во мечот. Во петтиот сет Мареј одигра маестрален тенис и брзо потезно го реши младиот тенисер.


До сега британскиот тенисер четири пати играше во финалето. Во три финални мечеви претрпе пораз од Ѓоковиќ, а еднаш беше неуспешен против Рожер Федерер.

OhridNews