Домашниот тенисер Енди Мареј и Канаѓанецот, Милош Раонич ќе се сретнат во големото финале на неофицијалното Светското првенство во тенис, Вимболдон.


Вториот рекет во светскиот поредок Мареј во 1/2 финалето во три сетови (6-3, 6-3, 6-3) го совлада чешкиот тенисер Томаш Бердих.

За разлика од Мареј вториот полуфиналист Раонич приреди сензација елиминирајќи „кралот“ на Вимболдон, Рожер Федерер во пет сетови (6-3, 6-7, 4-6, 7-5, 6-3).


Во финалето кое на програмата е в недела Раонич ќе ја брка првата титула од Гренд слем турнирите додека Мареј третата круна од најпрестижните турнири во светот.