Британскиот тенисер Енди Мареј е прв патник во финалето на гренд слем турнир во Австралија.
Во полуфиналната битка која траеше 3 часа и 29 минути Мареј со 3-1 во сетови (6-7, 6-0, 6-3, 7-5) чешкиот тенисер Томаш Бердрих.
Седмиот носител одлично го започна мечот против шестиот добивајќи го првиот сет во тај брејк, но на таа Мареј возврати со фуриозни 6-0 за „егал“.
Загубениот сет без ниту еден добиен гем остави трага на играта од Бердрих и му овозможи на Мареј лесни поени во третиот, кој му припадна со 6-3.
Во четвртиот сет Чехот сериозно се закани, но Мареј веќе беше во победнички елемент и финишираше со 7-5 за финале на првиот гренд слем турнир годинава.
Таму британскиот тенисер ќе го чека победникот од дуелот меѓу актуелниот првак Стас Вавринка и рекетот број еден Новак Ѓоковиќ.
Мх.П.