Енди Мареј го совлада Милош Раонич во маратонското полуфинале (3 часа и 38 минути) со 2-1 и се пласираше во финалето од АТП турнирот во Лондон. Мареј во финалето ќе има можност да го одбрани првото место на АТП листата.

-Се борев многу напорно, успеав да извлечам неколку тешки удари и да го добијам одлучувачкиот тајбрек. Публиката беше одлична и ова се мечеви поради кои се игра тенисот. На утрешното финале ќе го дадам се од себе уште еднаш да го извлечам најдоброто од мене – рече водечкиот во светскиот тенис.

Во второто полуфинале Ѓоковиќ ќе игра против Нишикори. Евентуалниот пласман во финалето за српскиот тенисер ќе значи можност да се врати на првото место на листата на кое беше во изминатите две години.

ohridnews