Светскиот рекет број еден Енди Мареј во второто коло ги заврши мечевите на мастерс турнирот во Рим, откако претрпе пораз од домашниот тенисер Фабио Фоњини (6-2, 6-4).

Италијанецот бодрен од публиката му одржа вистинска лекција на Мареј кој не е во најдобра форма од почетокот на оваа година.

Првиот сет Фоњини го доби со 6-2 благодарание на двата брејка во првите три гема. Потоа ја искористи предноста на свој сервис и поведе со 1-0.

Во вториот одново Фоњини направи два брејка на средината од сетот и забележа голема победа над најдобриот тенисер во светот.

Во 1/8 финалето противник на Фоњини ќе му биде победникот од дуелот помеѓу Троицки – Ѕверев.

OhridNews