Британскиот тенисер Енди Мареј го продолжува атакот кон врвот на АТП листата, откако денеска триумфираше на Мастерсот од серијата 500 во кинескиот главен град Пекинг. Во возбудлив и неизвесен меч Мареј го совлада бугаринот Димитров со 2:0 (6:4, 7:6).

Клучниот момент во првиот сет се случи на првиот сервис на Димитров кој Мареј успеа да го претвори во брејк со кој поведе во мечот. Вториот сет се решаваше во тај-брејк кој Мареј го доби со 7:2.

Титулата во Пекинг беше 40-та во кариерата на одличниот Британец.

Рекетот број 1 во светот, Србинот Новак Ѓоковиќ, не учествуваше на турнирот во Пекинг поради повреда.

OhridNews