Манчестер Сити продолжи со импозатната игра во англиската Премиер лига, откако на гостувањето на „Викариџ Роуд“ го совладаа домашниот состав Ватфорд (2-1) во режија на Ријад Марез и Лерој Сане.

„Граѓаните“ цели 40 минути бараа начин да скршат отпорот на домаќините предводени од голманот Бен Фостер. Одговор најдоа Марез и Сане, кои искомбинираа една акција за почетно водство. На стартот од вториот дел двајцата фудбалери повторно беа во главна улога. Овој пат Сане асистираше до Марез кој зголеми на 2-0. Во финишот „стршлените“ го намалија резултатот преку Дукор, но немаа време за уште еден погодок кој ќе значеше реми.

Во преостанатите три мечеви кои ја најавија вондредната 15-та рунда во Премиер лигата домаќините забележаа три победи. Вест Хем со 3-1 славеше над Кардиф, со идентичен резултат победа забележа и Брајтон во дуелот со Кристал Палас, додека Бурнмаут со 2-1 го совлада Хадерсфилд.

OhridNews