Фудбалерот на Лестер, Ријад Марез ги известил челниците на клубот дека во летниот преоден рок сака да се пресели во Арсенал или Тотенхем. Махрез се повикал на договорот од минатата година, дека ќе остане во клубот уште една сезона, но не повеќе од тоа.


Марез по освојувањето на шампионската титула со Лестер реши да остане во клубот и да игра во Лигата на шампионите, иако и по завршувањето на минатата сезона сериозен интерес за неговите услуги покажуваше Арсенал. Според медиумите на Островото, повторно ќе се обиде да го ангажира Алжирецот бидејќи се очекува Алексис Санчез да го напушти клубот.

Фудбалерот за врска сезонава има постигнато 10 голови, но не игра на нивото од минатата сезона кога беше еден од најзаслужните за освојувањето на титулата, поради што беше и прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата.

Лестер нема да се противи на неговиот трансфер, но нема намера да му дозволи да си оди за сума помала од 35 милиони фунти. 

OhridNews