Еден од подобрите играчи во Лестер, Ријад Марез два дена не се појавил во тренинг кампот на „лисиците“ незадоволен од челниците на клубот да ја одбијат понудата за него од Манчестер Сити.

Во последниот ден од зимскиот преоден рок Манчестер Сити официјално испратил понуда до Лестер за услугите на Марез, која била одбиена со објаснување дека е ниска. „Граѓаните“ се откажаа од ангажманот на Алжирецот и не ја зголеми понудата.

Управата на клубот втор пат спречува трансфер на Марез, откако во летниот преоден рок одби понуда висока 40 милиони евра од италијанскиот калчолигаш Рома. Лестер веднаш поведе дисциплинска постапка за Марез кој може да биде казнет со 200 000 фунти и преселба во Б екипата.

OhridNews