Екипите на Марибор, Олимпијакос, Селтик, Наполи и Севилја изборија пласман во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Првакот на Словенија, Марибор, по две години се враќа во главната фаза во Лигата на шампионите. Марибор по првиот меч со Хапоел Бер Шива имаше негатива од 1:2, а голот вреден пласман во ЛШ, во реваншот, го постигна Митја Вилер во 13.минута.

 

Риека не успеа да го елиминира Олимпијакос. Шампионот на Хрватска имаше активен резултат по првиот меч, пораз 1:2, но Грците победија и во реваншот со голот на Марко Марин.

Наполи и во реваншот ја победи Ница со 2:0 и со вкупен резултат 4:0 избори пласман во елитата. Стрелци за Наполи беа Хосе Каљехон и Лоренцо Инсиње. 


Басакшехир беше на чекор до сензација, но сепак не успеа да ја елиминира Севилја. Шпанскиот тим на првиот меч во Истанбул победи со 2:1, а во реваншот на „Рамон Санчез Писхуан“ мечот заврши 2:2. Елија му донесе предност на Басакшехир во првото полувреме, потоа во вториот дел Ескудеро и Бен Једер направија пресврт, а на 2;2 израмни Вишча.

Сите учесници во фазата по групи во ЛШ ќе се комплетираат вечерва.

Резултати: Астана – Селтик 4-3 (4-8), Марибор – Хапоел Беер Шева (2-2), Ница – Наполи 0-2 (0-4), Риека – Олимпијакос 0-1 (1-3), Севиља – Истанбул Башекшир 2-2 (4-3).

OhridNews