Руската тенисерка Марија Шарапова по завршување на играчката кариера не гледа никаква иднина во „белиот спорт“, односно не планира да заплива во тренерските води.
Моментално, убавата Русинка ги одлежува последните месеци од двогодишната суспензија поради користење на забранети супстанции.
– Мислам дека нема да работам како тренер по завршувањето на играчката кариера. Како што знаете работам и друго и немам премногу време за тоа, па после повлекувањето од тенисот целосно ќе се посветам. – изјави Шарапова.
Петкратната освојувачка на гренсле турнирите на терените ќе се врати на крајот од април месец на турнирот во германскиот град, Штутгарт.
OhridNews