Лошото момче Марио Балотели изгледа дека останало без девојката Фани Негеше со која бил во врска седум месеци. Врската завршила само неколку дена откако Марио направил непримерен коментар за белгиската манекенка, наводно изјавувајќи дека целиот тим на Реал Мадрид може да спие со неа доколку го добие дуелот со Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.
Балотели подоцна ова го демантирал, но шпанските медиуми го цитирале фудбалерот кој наводно рекол: „Ако Реал Мадрид се врати во Лигата на шампиони ќе ја пуштам мојата девојка да спие со нив“. Пред само неколку месеци рекол дека Фани е првата девојка покрај која се чувствува пријатно и дека би можел да го мине целиот живот со некој како неа. Фани од друга страна, во четвртокот на Твитер напишала дека љубовта не постои да не направи среќни, туку да ни покаже колку сме силни да издржиме болка.