„Мариците“ ги возат молери, „Крајслерите“ за таксистите!
09.11.12 18:30
Старите полициски возила, во наредниов период ќе се најдат на продажба, пишува Дневник. Популарните „Крајслери“ ќе заминат во историјата, а нив ќе ги заменат возилата марка Шкода Јети.
Според експертите, крајслерите се возила кои трошат многу гориво. Освен при патролирање, гориво се троши и додека стојат. Како причини се наведува принципот на работа на моторот, кој овозможува греење и ладење во зависност од временските услови. Доколку на крајслерите им се вгради плински уред, возилото ќе може да стане одлично такси возило, пишува весникот.
Сепак, таксистите не се сложуваат со овој натпис. Тие сметаат дека застарените возила трошат многу повеќе, а крајслерот како автомобил е многу скап за одржување. „Овие амерички возила со нашиот стандард, никој не ќе може да ги одржи. Сигурно трошат по 12-13 литри бензин на 100км. Ако се стави плус плин, тоа ќе дојде околу 15 литри na 100км. Ние не можеме на крај да излеземе ниту со возилава кои се економсо штедливи, а не па со крајслериве“ – вели еден такси превозник од охридскиот регион.
Инаку според весникот, популарните марици веќе се ставени на продажба, а најчесто ги возат молерите.
Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2026 годин...
Гинеколошката ординација на д-р Владо Устијаноски, специјалист по гинекологија и акушерство, одбележува една година од своето основање, период исполнет со професионална посветеност, континуирана гр...
Утре премиерно ќе биде изведена тетарската претстава „Генијална идеја“ на Народен Театар Охрид во малата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид со почеток во 20 часот Претставата е по...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.