Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марк Барта во болницата во која се опоравува од операцијата на раката го посетија најблиските, односно членовите на фамилијата. Дефанзивецот настрада на стаклата на клупскиот автобус кој беше цел на терористички напади во пресрет на дуелот со Монако во Лигата на Шампиони.


– Во болницата ме посетија најблиските кои до мене се цело време, откако се случи немилиот настан кој сакам што побрзо да го заборавам. Од фамилијата црпам енергија да ги совладам сите пречки па и оваа која морам да кажами е најтешка во животот. Болка, паника и несигурност имаше во автобусот после силните експолозија и се додека не дојде полицијата и лекарските служби. Шокот полека се намалува, a желбата за живот расте, затоа што сакам да се борам и да го осетам мирисот на тревата и ѕвукот на нашите навивачи. – напиша Барта на социјалните мрежи.

Шпанецот од фудбалерите и стручниот штаб мина најлошо, а натпреварот со Монако кој беше одложен и презакажан го добија французите со 3-2.

OhridNews