Марк Гасол нема да го носи дресот на шпанската репрезентација на Европското првенство, пренесе Marca.
Истиот извор пренесува дека помладиот од браќата Гасол решил ова лето да го искористи за одмор и да ги прескокне обврските со репрезентацијата, а својата одлука ќе ја соопшти во вторник на прес конференција.
Во ценатрската линија шпанскиот селектор Серџо Скариоло ги има Пау Гасол, Виктор Клавер, Фелипе Рејес и Никола Миротиќ.
Марк Гасол (30) е еден од најдобрите центри во НБА лигата, тој од 2008 година е во Мемфис, а минатата недела потпиша нов петгодишен договор ‘тежок’ 108 милиони долари.
Гасол е двократен Ол Стар, а во 2013 година беше избран прогласен за дефанзивец во НБА лигата.
Шпанија не Европското првенство ќе игра во група со Србија, Германија, Италија, Турција и Исланд.
„Макфакс“