Американската и светска пливачка легенда Марк Шпиц нема да оди во Пекинг иако Мајкл Фелпс го руши неговиот рекорд со освоени седум злата на Олимписките игри.
– Никогаш не стигна покана за мене. Не може туку така едноставно да заминеш на игрите. Настапите на Мајкл ќе ги следам на малите екрани – вели Марк Шпиц.
Шпиц вели доколку тогаш постоела и осмата дициплина која е нова (50 м слободен стил) ќе триумфирал и на неа.
Сепак легендата не ја исклучува можноста да се појави во Пекинг да му додели еден од медалите на неговиот сонародник.
Во досегашниот дел од Игрите Фелпс освои три злата во трите настапи.










