Највлијателниот шпански спортски медуми „Марка“ му посвети текст на македонскиот капитен Горан Пандев. Во текстот со наслов „Две децении мит за Пандев“, „Марка“ пишува дека, Пандев, по Мартин Стеленбург и Јури Жирков ќе биде третиот највозрасен учесник на Европското првенство.

На 12 ноември тој постигна гол против Грузија кој ја однесе Македонија за прв пат во завршницата на едно големо натпреварување. Тој е третиран како ѕвезда во својата земја за неговата долга кариера во Италија, каде ги има освоено сите можни титули. Дресот на својата земја го носел повеќе од 100 пати, постигнал повеќе од 30 голови, – стои во објаснувањето во весникот.

„Марка“ во текстот ја пренесува и изјавата на Жозе Мурињо, кој му беше тренер на Пандев во Интер кога италијанскиот тим ја освои Лигата на шампионите.

Интелигентен напаѓач, кој не е голем стрелец, но кој му помага на тимот да биде подобар“.

Токму со погодокот на Пандев во бараж натпреварот со Грузија нашата репрезентација победи со минимални 1-0 и обезбеди учество на ЕП.

OhridNews