Законската можност, лековите кои не се издаваат со рецепт освен во аптеките да се продаваат и на други продажни места, засега најмногу ја искористиле маркетите, пишува „Утрински весник“.
Меѓу барателите за дозвола за продажба на лекови, засега нема бензиски пупми, или пак селски продавници, како што првично беше замислената идејата на Министерството за здравство за овој проект.
Досега, според информациите на Министерството за здравство се пријавиле пет маркети за продажба на лекови. Три од нив веќе ја добиле дозволата. Додека за две е во тек постапката на издавање на овој сертификат.
На листата на лекови кои можат да се продават по маркети се наоѓаат таблети против главоболка, потоа за покачена телесна температура, на пример парацетамол, сирупи на природна база против кашлица, како проспан, витамини, лекови против пролив, препарати за смирување на проблеми на желудникот, капки, масти за локална употреба.
Ќе може да се продаваат само лекови со најмала доза и во најмало пакување, и препарати кои имаат само една активна супстанца, односно се за локална и надворешна употреба. Нема да има лекови за деца под 12 години, како и антивирусни лекови, за алергија, или за кожни заболувања. Цената на лековите ќе ја одредуваат самите маркети.
OhridNews