Охриѓанецот во дресот на Напредок, Ристе Маркоски ќе паузира два натпревари поради директен црвен картон на натпреварот со Тетекс во 9-то коло. За кичевската седмица ова е втора суспензија во сезоната, Маркоски поцрвена на дуелот со Металург во 5-та рунда.


Маркоски кој потекнува од школата на ФК Охрид ќе го пропушти натпреварот против својот матичен клуб и мечот со Ренова.

Докторот на ФК Охрид, Вељаноски Ранко кој беше остранет од главниот судија на мечот Фатон Мустафи помина само со опомена од дисциплинската комисија на фудбалската федерација на Македонија додека фудбалерот на Охрид Лоте, Стојкоски на дуелот со Тиквеш заработи два жолти картони и од трибините ќе го проследи мечот Охрид Лоте – Осогово.


Мх.П.