Маркоски и Бочески бркаат пласман меѓу најдобрите четири во купот
10.11.10 00:30
Со 1-0 предност ќе влезат кичевци во реванш мечот од четвртфиналето од националниот куп против штипска Брегалница.
Стратегот на Напредок, охриѓанецот Драган Бочески, посакува повторување на 2004 година кога Напредок играше во големото финале каде беше поразен од Слога Ј со 1-0, благодарение на голот на Беќири.
– Нема играч или тренер кој не сака да игра во едно финале. Во мечот ќе влеземе како да е 0-0 – рече Бочески.
Десетката на Напредок, Ристе Маркоски е оптимист во пресрет на реваншот против Брегалница на “Градскиот стадион“. По триумфот над Работнички во последното коло со 2-0, вратена е победничката атмосфера во таборот на “ѓаолите“
– Фокусирани сме на натпреварот со Брегалница. Добро ја познаваме нивната игра и очекувам да ги искористиме нивните слабости – вели Маркоски кој два пати сезонава ја затресе мрежата на “фалангата“.
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години ќе одигра два пријателски натпревари против селекцијата на Црна Гора У-18 Првиот дуел e денес на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, д...
Екипата на Охрид претрпе висок пораз во натпреварот од 5-то коло од Супер лигата Вечерва во салата „Јане Сандански“ во Скопје Вардар убедливо славеше над Охрид 27:18, полувреме 14:6 Избраниците на ...
Во согласност со Годишната програмата за работа на ШК Ласкер Охрид, финансирана од Општина Охрид, во ООУ Братство Единство Охрид,се одржа XI Младинскиот турнир во шах ЛАСКЕР 2026 кадети, за ученици...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.