По серија натпревари без победа два порзи и реми, кически Напредок се најде на третото место од позади на прволигашката табела. Позади избраниците на охриѓанецот Драган Бочески на местата кои водат во понизок ранг се Пелистер со 5 и Вардар со 3 бода.


Во коло во Кичево доаѓа скопски Работнички кому не му цветаат рози во овогодинешниот шампионат. Кичевските “ѓаоли“ во првиот дел од шампионатот ремизираа на Филип Втори играјќи 0-0.  – Само победа е во нашите мисли. Работнички е реномиран противник и мотивацијата на градскиот стадион да падне уште еден македонски првак ќе биде голема – вели Ристе Маркоски кој на мечот со Брегалница го постигна вториот гол во шампионатот.

Покрај мечот во Кичево уште се играат натпреварите: Тетекс – Пелистер, Скопје – Металург и Х.Турново – Работнички.

Вардар – Силекс за охриѓанецот Маркоски

Ohridnews