Охриѓанецот Ристе Маркоски беше стрелец во ремито на кичевски Напредок против Работнички 1-1. Маркоски со прекрасен погодок од слободен удар по еден час игра го отвори резултатот подоцна имаше уште неколку прилики кои не успеа да го претвори во гол, а „делбата“ на бодовите ја осигура Ступиќ со дебитантскиот погодок во новиот шампионат.

Теренот беше тежок за игра, но и покрај тоа успеавме да создадеме повеќе шанси од гостите, од кои успеавме да искористиме само една. Наместо да го „финишираме“ нашиот противник ние дозволивме тој да си замине непоразен. То е фудбалот, нема назад, сега ги вртиме нашите погледи кон мечевите со тетовските лигаши – вели Маркоски.

Напредок кој со 22 бода се наоѓа на седмата позиција, в четврток игра против Тетекс, додека в недела ќе и гостува на Ренова.

М.П.