Бразилскиот репрезентативец Марсело е џокерот на Реал Мадрид во минималната победа (2-1) против Валенсија на „Сантијаго Бернабеу“ во 35-та рунда од шпанската Ла Лига.
Левиот бек вториот гол за „кралевите“ кој на крајот се покажа победнички го постигна во 86-та минута. Четири минути претходно „лилјаците“ израмнија преку Парехо, а резултатот го отвори Кристијано Роналдо во првиот дел. Португалецот после еден час игра при резултат 1-0 ја имаше меч топката, но не реализираше од белата точка.
„Лос бланкос“ со триумфот со одлепија три бодови од Барселона која ќе се сретне со Еспањол во градската пресметка во 20 часот и 45 минути.
OhridNews