Бразилскиот репрезентативец Марсело погодокот на мечот со Шалке во победата 2-0 го прослави со тренерот Карло Анчелоти и играчите кои беа на клупата од Реала Мадрид.


– Погодокот го посветив на мојата фамилија, но сакав да го прославам со сите фудбалери заедно бидејќи Реал Мадрид не е обичен клуб туку голема и среќна фамилија – рече Марсело.

Дефанзивецот смета дека има и реванш натпревар иако предноста е голема после првиот осминафинален натпревар.

– Во натпреварите од Лигата на шампиони може се да се случи. Не е ништо готово. Потребно е да останаме скромни и во вториот натпревар да ја повторија стрпливата игра од мечот во Шалке. Ние сме квалитетни фудбалери знаеме што сакаме и секогаш одиме до крај без никакво опуштање. – додаде Марсело.

Европскиот првак со оваа победа стигна до третата во серија на германско тло. Минатата сезона во нокаут фазата ги торпедираше Шалке 6-1 и Баерн Минхен 4-0.

Ohridnews