Здружената опозиција, денеска во Охрид организира „Марш за слобода“.
Како што е најавено, маршот ќе започне во 17 часот и 30 минути од пред седиштето на општинската организација на СДСМ на булеварот „Туристичка“, ќе продолжи низ центарот на градот и ќе заврши на главниот плоштад.
На протестот се очекува да се обратат претседателот на СДСМ Бранко Црвенкоски, градоначалникот на Охрид Александар Петрески и претставници на политичките партии на здружената опозиција.