Најскапо платениот тинејџер во светскиот фудбал Ентони Марсијал имаше брилијантен почеток во дресот на Манчетер Јунајтед во Премиер лигата откако за 50 милиони.


Неговите погодоци и начинот на игра англичаните ги споредија со легендата на Арсенал, Тиери Анри кој е прогласен за најдобар странски играчи во Премиер лигата.

– Дали ќе бидам новиот Тиери Анри ? Можеби, со напорна работа на тренинзите, но во овој момент јас сум далеку од него. Тој е легенда, сигурно дека сакам да бидам како него и се трудам да ги следам неговите чекори. – рече Марсијал.

Францускиот репрезентативец за домашните медиуми образложи зошто го одбра англискиот клуб. – Го одбрав Манчестер Јунајтед затоа што е меѓу петте најдобри клубови во светот. Јас сакав да играм во Лигата на Шампиони и тоа беше клучна одлука околу мојот избор.

Мх.П.