Македонскиот повремен репрезентативец потпиша со ГРК Охрид миниум до 2028. Игра на позицијата среден бек, има 26 години (178 cm) и ќе го носи дресот со бр.11 следната сезона.

Се радувам што ќе бидам дел од ГРК Охрид, клуб кој расте од година во година. Уште од првите разговори ми се допадна идејата и проектот по кој клубот сака да се движи во наредните години. Со нетрпение чекам да настапам пред охридската публика и верувам дека заедно ќе се радуваме и ќе ги исполниме целите на клубот, изјави Карапалевски.
OhridNews











