Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац го скрати списокот и ги обра 20-те ракометари на кои ќе смета за Европското првенство следната година. Брестовац на официјалната пресконференција рече дека на секој ракометар поединечно му ја образложил одлуката зошто е и зошто не е на списокот. Од списокот отпадна охридскиот ракометер Мартин Манасков.

„Црвено жолтите“, првата фаза ја завршија успешно со триумф на турнирот „Трофеј Карпати“ во Романија и со победа и пораз против селекцијата на Кувајт. Втората и главната фаза, македонската ракометна репрезентација ќе ја одрабори во комплетен состав во Словенија.

Македонија првиот меч на ЕП ќе го одигра на 11 јануари против селекцијата на Украина, а потоа следуваат мечевите со Чешка и Австрија.

Списокот:

Борко Ристовски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Ненад Костевски, Филип Кузмановски, Филип Талески, Кирил Лазаров, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Марио Танкоски, Марко Мишевски, Никола Маркоски, Велко Марковски, Мартин Томовски, Горан Крстевски. Жарко Пешевски, Столе Стоилов, Мартин Серафимов, Мартин Велковски

OhridNews