
-Тоа е концепт кој се базира врз принципите за отчетност, принципиелност и транспарентно работење, а се со цел запазување и остварување на целите и интересите на граѓаните на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија која секогаш останува отворена спрема граѓаните и во иднина ќе продолжи со концептот базиран на посети на оптшините, градовите и населените места во Република Македонија, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО ДПМНЕ не соопшти дали на седницата на Извршниот комитет се расправало за кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори. Во најголема тајност се држи и името на кандидатот за градоначалник на Охрид. Неодамна премиерот Никола Груевски, токму во Охрид, изјави дека постапката е во тек и дека брзо ќе биде објавено името на кандидатот со кој владејачката партија ќе ги трча локалните избори во градот од кој ВМРО ДПМНЕ традиционално ги започнува сите изборни кампањи.












