На стартот од пролетниот дел Охрид 2004 на домашен терен, ремизираше со директниот конкурент за опстанок Хоризонт Турново играјќи 0-0. По еден дел им припадна на двете екипи, кои на крајот мораа да се задоволат со бод.

 
Задоволни сме од резултатот и играта, целта ја остваривме да не претрпиме пораз на гостувањето во Охрид.  Имав чиста шанса за погодок но не ја искористив, а на крајот од мечот домаќините беа поблиску до погодок, но тоа е фудбалот –  изјави напаѓачот на “турновци“ Драган Георгиев.

“Рибарите“ споро влегоа во мечот, во првите 45 минути оставија премногу простор за игра, додека во вториот сликата се промени и Охрид 2004 во финишот можеше да стигне до победата.

–   Уште не сме влезени во “шема“, мислам дека понатака ќе покажеме доста подобри изданија на екипата. Првиот дел го одигравме под грч, додека второто полувреме беше сосема друга приказна. На крајот главниот судија Александар Ставрев “мораше“ да покаже не белата точка, по стартот над Ѓуровиќ – вели  “стоперот“ на охриѓани Александар Мартиновски.

Охриѓани утре во прекуредната рунда ги очекува “пеколно“ гостување кај фенерџијата 11 Октомври, додека Хоризонт Турново бодови ќе брка на домашен терен против Силекс.

Мх.П.