Охрид не успеа да стартува со триумф на првиот меч во пролетната етапа. Одигра без голови 0-0, но во прилог на тимот кој ќе се бори за опстанок беа и постигнатите резултати на останатите терени. Мартиноски беше најдобриот во “белиот“ тим, додека Каланоски одигра далеку под очекувањата и можностите.


Бубоња  2,5. Сигурен на голот, се што дојде во рамките на голот успеа да го скроти.

Џалески 2.  Скромна партија на капитенот кој принудно игра на десната бочна позиција.

Мартиновски 3,5. Вистински предводник на охридската одбрана. Бескомпромисен во дуел играта, го неутрализираше најдобриот стрелец на гостите Георгиев

Стефановиќ 3. Во тандем со Мартиновски одлично функционираа, усепаа да го “смират“ горостатос Попин.

Цветковиќ 2.  Коректно во одбраната,  но не го искористи просторот во нападот, ретко го гледавме на противничката половина и не упати ниту еден корисен центаршут.

Блажевски 2,5. “Изгина“ на средината на тернот, одличен во дефанзивните задачи, но слаба креација во нападот.

Брадоњиќ 3.  Уште една станадардно борбена партија за српскиот интернационалец , по серијата грчеви заменет во 71 минута со Салиу.

Далчески 2,5. Позицијата позади шпицот не е приородна позиција за играчот од средниот ред. Деструкцијата е неговата посилна страна. Имаше неколку можности за чисти удари но ниту еднаш не го погоди голот. Доста претрча во средината.

Ѓуровиќ 2,5. Немаше доволно среќа , неговите удари не ја погодија целта. По скромнит прв дел се разбуди во вториот кога беше најопасниот охридски играч.

Каланоски 1,5. Еден од полошите натпревари за младинскиот репрезентативец. Премногу комотен во нападот, остсутен и немаше никаков импакт во шпицот. Заменет во 60 минута со Дејкоски

Клечкароски 2.  Во првиот дел премногу повлечен, некорисен во шпицот, подобро одигра  во вториот дел, но премалку за да ги задоволи очекувањата на охридската публика.

Салиу 2. (влезе во 71 минута на местото на Брадоњиќ) Имаше неколку добри потези, ја размрда играта, но не успеа да направи ништо конкретно.

Дејкоски 2,5 .(влезе во 60 минута на местото на Каланоски)  Внесе свежина, имаше одлична можност по центаршутот на Ѓуровиќ не ја погоди, неколку минути подоцна беше на работ на офсајд позиција.

Михајлов 2,5.  Деби со реми на охридската клупа. Деби на кое неговата екипа психолошки падна, во натпревар кој требаше да се добие. Ги разбуди во вториот дел, а доколку Ставрев се одлучеше за најстрога казна во финишот на мечот, веројатно ќе се радуваше на победа. Направи само две измени, дали заборави некого на клупата, или немаше играч кој може во финишот да ја скрши гостинската одбрана.

М.П.