Тимот на Вилијамс пред трката во Монца за големата награда на Италија потврди дека и следната сезона дуото ќе го сочинуваат сегашните пилоти Валтери Ботас и Филипе Маса.

Бразилскиот ги спореди овие денови со оние кога беше дел од Формула 1 гигантот Ферари.

– Се чувствувам подобро. Не се гледам како лидер, туку чувствувам дека сé што ќе кажам е слушнато и се работи на тоа. Треба да биде така, но тоа се загуби во Ферари. Тимот ме почитува и ме поддржува и тоа е многу важно – рече Маса.

33-годишниот пилот цели осум години беше дел од Ферари, а претходно настапуваше во Заубер и Ред Бул.

Мх.П.