Тешката сообраќајка по која настрада Жул Бјанки ги потресе сите пилоти кои беа дел од трката на патеката „Сузука“ за големата награда на Јапонија.
Како причина за излетување е се смета обилниот дожд кој речиси ја поплави целата патека.
– Пет кругови пред да се случи несреќата упатив порака со врескање до сите да се сопре трката. Почувствував дека патеката е преполна со вода и дека нема ни минимални услови за возење. Но, никој не ме послуша и последиците се страшни. Сега мораме да се фокусираме на она што му се случи на нашиот колега. Многу сум загрижен бидејќи веднаш добив информација како неговиот болид е во страшна состојба – рече Филипе Маса.
На трката триумфираше Луис Хамилтон, но никој не прославуваше откако сите пилоти дознаа за страотната несреќа на Бјанки.
Мх.П.