Во близина на патот кај граничниот премин Ќафасан – Поградец  пронајдено е масакрирано тело на жена која била убиена со удари по главата со камен, информираше албанската полиција.

Како што пренесува „Макфакс“, телото го нашол овчар, а истото било целосно соблечено. Идентификацијата е извршена брзо според тетоважите кои биле забалежани на телото.

Албанските медиуми, кои се повикуваат на полицијата, јавија дека станува збор за Фатјона Орења (26) години, од селото Оренја, Либражд.

Исто така идентификувано е и  лицето кое го извршило масакрот, но неговото име не е објавено поради истражни дејствија .

Дел на медиумите во Албанија нагласуваат дека  26 годишната жена по разводот со нејзиниот  сопруг  од кој има две деца, работела во некои кафеани во Македонија.

Истите извори сметаат дека трагедијата се случила пред два дена, откако таа била протерана од Македонија, и во моментот кога се враќала за Албанија преку граничниот премин, „Ќафасан“ со такси.

OhridNews
извор:„Макфакс“