Фудбалерите на Баерн Минхен ја продолжија доминацијата во Бундес лигата совладувајќи го Штутгарт со 4-0 во 12-та рунда.
„Баварците“ дилемите околу победникот ги разрешија во првиот дел во кој постигнаа четири погодоци. Домаќините погодуваа во 11-та, 18-та, 37-та и 40-та минута за лесна и убедлива победа.
Резултати : Леверкузен – Келн 1-2, Баерн Минхен – Штутгарт 4-0, Менхенгладбах – Инголштад 0-0, Хофенхајм – Ајнтрахт 0-0, Мајнц – Волфзбург 2-0.
Табела : Баерн Минхен 34, Борусија Дортмунд 26 (-1), Волфзбург 21, Херта 20…
Мх.П.











