Играчот на Барселона, аргентинскиот интернационалец Хавиер Маскерано, осуден е на казна затвор во траење од една година пооради затајување данок во 2011 и 2012 година. Како што јави шпанска „Марка“ Маскерано се договорил со шпанското обвинителство и ја признал вината, а ќе плати и 815.000 евра данок, со што ќе избегне одење во затвор.

Се огласи и фудбалерот кој пред судот ја призна вината.

„Сакам да објаснам некои работи. Постигнав договор со шпанските власти што ќе ми донесе мир во исполнувањето на обврските. Јас сум спортист и не се разбирам многу во даноци, затоа се потпирам на луѓе кои се занимаваат со такви, за мене сложени работи. Во текот на кариерата секогаш сум бил чесен и одговорен, сум ги почитувал соиграчите и клубовите за кои сум настапувал и земјата во која избрав да живеам. Од оваа ситуација низ која морав да поминам ќе излезам посилен, но и поопуштен бидејќи знам дека работите се вратија во нормала. – изјави Маскерано.

Г.М.