Денес, околу 03.10 часот, непознато маскирано лице извршило  разбојништво врз вработена во казино на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Лицето со закана со огнено оружје од вработената одзел околу 58.800 денари и побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

OhridNews