Третата фаза од велосипедската трка Tour de France 2015 времено беше прекината во понеделник, откако се случи несреќа при пад на еден велосипедист, по кој паднаа триесетина други велосипедисти, а некои беа и повредени.

Повеќе велосипедисти беа принудени да ја прекинат трката Tour de France во понеделник, откако се случи несреќата.

Трката одредено време беше прекината, за да можат лекарите да им пристапат на велосипедистите и да им укажат помош.

Зборувајќи за радио BBC, поранешниот велосипедист на Велика Британија, Роб Хајлс, вели: „Кога се случи судирот, имаше добри 30-40 велосипедисти кои паднаа, Изгледаше како да има голема кула, врз која завршија и останатите, но за среќа никој не е сериозно повреден“. Кусо по несреќата трката продолжи.

„Макфакс“