Инцидентот се случил синоќа околу 21:55 часот пред влезот на Меѓународниот аеродром „Дубрава“ во Тузла, БиХ, каде дошло до масовна тепачка помеѓу навивачи на српскиот клуб Црвена Звезда (Делије) и хрватскиот Хајдук (Торцида), соопшти полицијата на Тузланскиот кантон.. Според првичните информации Торцида ги нападнала навивачите на Звезда од Република Српска што се враќале од Шведска по натпреварот со Малме од фудбалска Европска лига на УЕФА.
Во тепачката повредени се најмалку 23 лица, меѓу кои и еден полицаец. Едно лице е задржано на интензивна нега со сериозни повреди на глава, р’бет и градниот кош, додека останатите повредени биле третирани и пуштени на домашно лекување.
Полицијата привела 93 лица, за кои е утврдено дека не се од Тузланскиот кантон, а сите учесници се поврзани со навивачките групи на двата клуба.
На лице место интервенирале повеќе полицијски патроли и специјални единици за брза реакција, а истрагата за причините, организацијата и одговорностите на учесниците продолжува.
OhridNews
Фото: Илустрација (Freepik)












