Во просториите на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ утре во 12:00 часот ќе се одржи Мастерс квиз организиран од страна на Македонска Квиз Асоцијација.
Квизот е од отворен карактер, односно не е наменет само за членовите на Македонската Квиз Асоцијација, туку за сите заинтересирани луѓе. Ги покануваме сите кои сакаат да земете учество во оваа кратка проверка на знаењето. Ова би била одлична можност не само за тестирање на сопствените познавања, за вмрежување и учење нови занимливости од разни области (што само по себе би било сосема доволен мотив за учество), велат организаторите.
Што се однесува до самиот квиз, потенцираат дека е конципиран во вид на двочасовен тест со 200 прашања.
Прашањата се од сите можни области (историја, култура, забава, животен стил, наука, медиуми, свет и спорт), поделени во два едночасовни дела од по 100 прашања, меѓу кои е предвидена кратка пауза за одмор, дискусија и концентрација пред следниот круг. Се надеваме дека ќе се сретнеме со што поголем број учесници и дека сите заедно ќе оствариме настан за паметење, додаваат од Македонска квиз асоцијација.
Повеќе податоци и подробности (меѓу кои е и формуларот за пријава) се достапни на официјална фејсбук страница на организаторите: https://www.facebook.com/profile.php?id=100075746033829 .
OhridNews