Чартер компанијата МАТ ервејс, која е во сопственост на српската авиокомпанија Кон Тики Скај, објави дека повторно ќе почне да лета од скопскиот аеродром.

Во најавата на компанијата, се наведува дека од 1-ви мај ќе бидат воспоставени летови кон 14 дестинации.

Првата дестинација ќе биде од Скопје до Антверпен, двапати неделно, по што од 18-ти јуни, планирано е компанијата да почне двапати неделно да лета од Скопје кон Штутгарт, Хамбург, Берлин, Малме и Истанбул, трипати неделно до Анкона, Милано и Болоња, четири пати неделно до Рим, Трст, Братислава и Дизелдорф и пет пати неделно до Базел.

Цените на билетите ќе изнесуваат од 45 до 50 евра во еден правец до поблиските дестинации, односно од 70 до 90 евра до подалечните дестинации.

Авиокомпанијата поседува само еден Боинг 737-500, но многу е  веројатно дека ќе го користи и Скај Вингс Интернационал Боинг 737-300, кој со месеци е на скопскиот аеродром.

OhridNews
извор: Makfaks