Европскиот и шпанскиот шампион, Реал Мадрид во зимскиот преоден рок ќе тргне во офанзива по фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата.

Мата добива шанса од Жозе Мурињо, но не и преголема, а тоа сака да го искористи „кралскиот“ клуб кој му е матичен клуб на Шпанецот.

Мата со Манчестер Јунајтед има договор до крајот на сезоната, а за сега двете страни немаат седнато на преговори за нов, што значи дека Мата ако не замине во јануари, тоа ќе може да го направи без оштета во јули.

Шпанецот првите фудбалски чекори ги направи во младинската екипа од Реал Мадрид, а во добар фудбалер се афирмираше во Валенсија од каде направи трансфер во Челси па во Манчестер Јунајтед.

Се уште во јавноста нема цена за Мата, но неговите квалитети се проценуваат од 20 до 25 милиони фунти.

OhridNews