Хуан Мата на мечот со Вест Бромвич Албион во Премиер лигата прекина одличен низ во својата професионална кариера откако заработи црвен картон.


Серијата на Шпанецот заврши, а тоа подоцна го чинеше Манчестер Јунајтед пораз (1-0) и пад на шестата позиција на табелата.

После речиси 500 натпревари како професионален фудбалер, оваа недела го добив првиот црвен картон во кариерата. Како што можете да замислите, воопшто не ми е лесно да ги напишам овие реченици. Вистината е дека ова е нова и чудна ситуација за мене, не ми е лесно да ја прифатам, но мора да учиме од се. Знам дека во фудбалот гледаме работи како оваа секоја недела, но мене најмногу ме боли што моите соиграчи мораа да се борат со играч помалку на теренот долго време. Имам чувство дека двете одлуки на судијата беа ригорозни. Во повеќе наврати сме гледале како посериозни стартови останале неказнети, но истовремено мислам дека јас можев да ги избегнам двете опомени и затоа ја прифаќам одговорноста. Исто така ми е многу жал за навивачите кои пристигнаа на стадионот и оние кои навиваа за Јунајтед од дома. Сепак, мора да продолжам понатаму и веќе сум максимално фокусиран на нашиот нареден предизвик, дерби натпреварот со Ливерпул во Лига Европа. Во овој спорт нема време за славење и разочарување. Минатата среда уживав во победничкиот гол против Вотфорд, но сега доживувам едно сосема друго искуство. Така е во фудбалот, мора да се учи од секоја ситуација и секој момент. – напиша Мата на својот блог.

Шпанскиот репрезентативец меч претходно на Олд Трафорд против Ватфрод беше стрелец на победничкиот погодок, но навивачите го осудија за поразот во Бирмингем.

OhridNews