Поранешниот италијански репрезентативец Марко Матераци се враќа во фудбалот, но овој во улога на тренер на индискиот клуб Ченај Тајтанс.

Од играчката кариера на контроверзниот дефанзивец ќе се паметат голот во финалето на СП 2006 година и инцидентот кој се случи со Зинедин Зидан на тоа финале.
Покрај екс фудбалерот на „нероазурите“ во Индија на печалба се Давид Трезеге, Алесандро Дел Пиеро, Роберт Пирес, Никлас Ањелка, Луис Гарсија, Дејвид Џејмс, Јоан Капдевиља и Хосеми.
Мх.П.










