Министерството за здравство ги известува сите матични лекари да внимаваат при креирањето на електронските рецепти и одбирањето на генериките на лековите и останатите упатни дијагнози да ги употребуваат нивните точни називи. За таа цел до матичните лекари веќе е доставена листа со сите генерички имиња кои досега им предизвикувале одредени нејаснотии при креирањето на рецепт, а оваа листа е објавена и на веб сајтот на Министерството за здравство.

Паралелно на ова, до матичните лекари се доставени и сите протоколи во кои е прецизно наведено што е потребно да направат во случај на спреченост од технички карактер за креирање е-рецепт и е-упат (немање интернет, немање струја и сл), додаваат од министерството за здравство.

–    Потенцираме дека во ниту еден случај, ниту во тековниот имплементационен период, ниту по комплетната имплементација на системот, ниту еден пациент не смее да биде вратен или да не ја добие потребната здравствена услуга како резултат на било какви проблеми во системот, напоменуваат од министерството за здравство.

Од министерството потенцираат дека со целосната имплементација на „Национален систем за електронска евиденција во здравството“, најголем бенефит ќе имаат граѓаните кои ќе бидат ослободени од бирократските процедури и намалување на потребните печатени документи и времето на чекање, проблемот со гужвите и турканиците во здравствените установи и ќе го сведе на минимум времето на чекање во здравствените установи.

OhridNews