Манчестер Јунајтед во името на Немања Матиќ го доведе третото засилување во летниот преоден рок. „Црвените ѓаволи“ на Челси за услугите на српскиот фудбалер му исплатија 40 милиони фунти.

– Чувството е прекрасно, Манчестер Јунајтед е еден од најдобрите клубови во светот. Среќен сум што сум дел од овој клуб и со нетрпение ги очекувам тренинзите со новиот тим, како и натпреварите што следат. Моја желба беше повторно да соработувам со Жозе Мурињо. Секако, кога имате таков тренер и клуб, каков што е Манчестер Јунајтед, не треба многу да размислувате, мојата одлука да заминам беше многу леснa. – изјави Немања Матиќ.

Претходно клубот од Олд Трафорд се засили со дефанзивецот Виктор Линделоф од Бенфика и напаѓачот Ромелу Лукаку од тимот на Евертон.

OhridNews