Две години помладиот брат на ѕвездата на Челси, Немања Матиќ, Урош беше гостин во Фудбалската федерација на Македонија.


Тој неодамна откри дека сака да игра за македонската селекција и ФФМ веднаш почна со процедурата за ангажман на фудбалерот на холандска Бреда.


– Урош е добредојден во македонската репрезентација. Во тек е процедурата за издавање документи и промена на спортски пасош, а по комлетирањето нема да има пречка Урош Матиќ да дебитира за нашиот национален тим. Фудбалскиот впечаток за него го знаеме, игра стандардно во тимот на Бреда, стручниот штаб во нашата репрезентација смета дека може да биде многу корисен и во нашата игра, мислам дека сме на добар пат да ја засилиме конкуренцијата во репрезентативниот состав со квалитетен играч. Денеска видовме дека е многу скромно и момче со правилни вредности, тоа е причина повеќе да веруваме во желбата заеднички да си помогнеме – изјави Илчо Ѓоргиоски, претседател на ФФМ.

Немања стандардно игра за селекцијата на Србија, а дресот на Македонија е желбата на неговиот помал брат Урош кои имаат македонско потекло.

Ohridnews