Еден од најдобрите поединци на Челси сезонава, Немања Матиќ заработи суспензија од три натпревари од дисциплинската комисија во Премиер лигата.
Српскиот репрезентативец по остриот старт на Ешли Барнс над неговата лева нога, бесот го искажа туркајќи го играчот, кој како покосен падна на земја.
Повеќето фудбалски експерти го оправдаа ваквото реагирање на Матиќ бидејќи стартот беше надвор од фудбалските граници и можеше да има фатални последици.
Ohridnews