Италијанецот Валтер Мацари е именуван за нов менаџер на Вотфорд, објави премиерлигашот на својата интернет страница.
Некогашниот тренер на Сампдорија, Наполи и Интер потпишал тригодишен договор со Вотфорд, кој на сила ќе стапи на 1.јули.
Мацари на клупата ќе го наследи Шпанецот Кике Санчез Флорес, кој не ги оправда очекувањата, иако со Вотфорд стигна до полуфиналето на ФА купот, а во првенството успеа да обезбеди опстанок.
Мацари, кој многумина го сметаа за зачетник на успешниот проект на Наполи, 18 месеци беше без работа, откако доби отказ во Интер.
„Макфакс“
OhridNews